Михајловиќ си со собра Љајиќ во Торино!

Сподели

Српскиот репрезентативец Адем Љајиќ во новата сезона во Калчото ќе игра за Торино.

љајиќ

Претседателот Урбано Каиро, е исклучително задоволен што нов член во клубот е токму Љајиќ.

,,Тој е напаѓачот кој го сакавме од почетокот и кој изминатите сезони го покажа својот талент.

,,По разговорите со тренерот Синиша Михајловиќ вложивме напор да го купиме и јас од името на Торино му посакувам добредојде, изјави Каиро.

Љајиќ е среќен што повторно ќе соработува со поранешниот тренер на Фиорентина, Михајловиќ.

,,Среќен сум што повторно ќе соработувам со мојот сонародник Михајловиќ, тој е квалитетот тренер кој е многу важен за мојата кариера, истакна Љајиќ.

љајиќ1

Претходно, 24-годишниот фудбалер играше за Интер, Рома, Фиорентина, и Партизан.

За српскиот национален тим има 20 настапи и каде има и 3 постигнати погодоци.

The post Михајловиќ си со собра Љајиќ во Торино! appeared first on Спорти.


Source: Sporty