Мурињо: Погба мора да заборави на трансфер од 105 милиони евра

Сподели

thumbs_b_c_e1fb21f39cc19f3e0c342f5bd94c2503

МАНЧЕСТЕР (AA) – Два последодователни порази на Манчестер Јунајтед кај островските медиуми веднаш ја актуелнизираа приказната за тоа дали трансферот од 105 милиони евра за враќање на Погба од Јувентрус на Олд Трафорд е вистински потег на менаџерот Жосе Мурињо, јавува Anadolu Agency (AA).

Погба не е брилијантен на почетокот на сезоната, а за играч кој е најскап на светот тоа претставува проблем. Меѓутоа, Мурињо е уверен дека францускиот репрезентативец наскоро ќе биде во вистинска форма.

„Над играчот кој е најскап на светот секогаш ќе има прашалници, но сакам Погба да заборави на тие 105 милиони евра. Играше на Европското првенство, отиде на одмор и ги пропушти подготовките пред почетокот на сезоната. Нормално е да после првите натпревари е во мал пад. Но,имам потполна доверба во него, знам дека е добра личност со многу амбиции и дека неговата форма природно ќе се подобри”, вели Мурињо, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер Јунајтед по поразот од градскиот ривал Сити со 1:2 на Олд Трафорд, а потоа и во гостите кај холандскиот тим Фејенорд во Лига Европа со 0:1, во недела во петото коло од Премиер лигата, гостува во Ватфорд.