Вести Македонија Ударни вести

Мијалков на суд за предметот “Трезор”

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето по предметот “Трезор” на СЈО, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Мијалков е обвинет за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

Покрај Мијалков, обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, бегалецот Горан Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Според обвинението на СЈО тие се теретат за злоупотеба на службената положба, незаконска набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа на штета на Буџетот на Рм.

Сподели: