ЦИПРАС: Очекуваниот „Земјотрес“ од милион граѓани на протестот, остана само желба на Мицотакис

Сподели

По вчерашните протести, најавуваниот „земјотрес“ и милионите демонстранти останаа само желба на Андонис Самарас и Киријакос Мицотакис, се вели во соопштението на кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а пренесуваат грчките медиуми.

„Мнозинството граѓани кои останаа пред телевизорите, се согласуваат дека надворешно-политичките прашања не треба да се решаваат со фанатизам и нетолеранција“, стои во соопштението.

И од партијата СИРИЗА се огласија и во соопштението наведоа дека „и покрај тоа што организаторите во изминатите денови ги поттикнувале луѓето на демонстрации, денешните протести на плоштадот „Синтагма“ во Атина биле под очекувањата. Од партијата наведуваат и дека ја поддржуваат грчката влада во преговорите за името.