Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Мијалков спроведен во притвор

Сподели:

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, вечерва е уапсен и спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичен совет во скопскиот Кривичен суд му одреди триесетдневен притвор.

Барањето за притвор го поднеле обвинителите од Специјалното Јавно обвинителство (СЈО) кои процениле дека постои опасност од бегство.

И судот и СЈО најавија повеќе детали за утре.

Мијалков е обвинет во четири предмети кои ги води СЈО, „Тврдина Таргет“, „Тортура“, „Титаник 2“ и „Трезор“ а осомничен е во истрагата „Империја“.

Поранешниот шеф на УБК, неодамна беше исклучен од неговата матична партија ВМРО – ДПМНЕ.

Сподели: