МИЛОШОСКИ: Со Законот за јазици се злоупотребува Европското знаме

Сподели

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собраниската Комисија за европски прашања денеска побараа да се прекине расправата и за законот за употреба на јазиците и прво да заседава Комисијата за политички систем.

Антонио Милошоски побара да се повлече законот за јазици бидејќи, како што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, се злоупотребувало европското знаме во партиски цели на денешната седница на Комисијата за европски прашања.

„-Барам да се повлече законот бидејќи е спротивен на уставот и сите законски прописи. Барам министерот за правда да каже со кој акт или европска директива се усогласува законот. Барам и присутните дипломати да кажат кој е актот со кој се усогласува законот, ставањето на европското знаме е само смоквин лист за покривање на неуставноста и да се избегне дебата. Ги криете партиските интереси зад европското знаме”, рече Милошоски.

Присутни на седницита се и дипломатски претставници.

Комисијата во моментов е на пауза, поради караницата меѓу пратеникот Антонио Милошоски и претседателот на комисијата Артан Груби, за тоа дали има деловничко право Милошоски за збор, или нема.