Минчев: Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Сподели:

Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ја истакнуваме важноста на јазикот како суштински дел од нашиот идентитет, култура и духовно наследство. Мајчиниот јазик е првиот глас што го слушаме, првата мисла што ја оформуваме и темелот врз кој го градиме нашето знаење.

Како што рекол Блаже Конески, човекот чија татковина беше македонскиот јазик, јазикот е нашата духовна куќа и најсигурно прибежиште. 

Неговата мисла не обврзува да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет, а истовремено да ги почитуваме  сите други јазици што се зборуваат во нашето општество. Јазичната разновидност е богатство што не зближува и не прави посилни како заедница.

Како Министер за јавна администрација, упатувам искрени честитки до сите граѓани, со повик да го чуваме мајчиниот јазик со одговорност и гордост, како темел на нашата култура и меѓусебна почит.

Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик! – честита министерот Минчев.

Сподели: