Вести Македонија

Министерот за економија Кучи се сретна со кинескиот амбасадор Женшун

Сподели:

kineski-ambasador

Министерот за економија, Дритон Кучи, остварил работна средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Вен Женшун, при што разговарале за економската соработка меѓу двете земји.

– На состанокот се зборуваше за досегашните реализирани проекти во областа на енергетиката, како што беше изградбата на електраната Козјак, а од кинеска страна се нагласи интересот на компании од Кина за изградба и на електраните Чебрен и Галиште. Се спомнаа и проектите за изградба на патната инфраструктура во Македонија, кои се во фаза на реализација, како што е изградбата на автопатот Кичево – Охрид – Струга – информираат од Министерството за економија.

http://meta.mk/ministerot-za-ekonomija-kuchi-se-sretna-so-kineskiot-ambasador-zhenshun/

Сподели: