Украина немоќна против Германија, Мустафи и Швајнштајгер стрелци за панцирите!

Сподели

Светскиот првак Германија со победа го започна походот по титулата на Европското првенство во Франција 2016.

мустафи

Синоќа на стадионот во Лил, „панцерите“ ги победија Украинците со погодоци во двете полувремиња.

Мечот изобилуваше со интересни потези и шанси, голманите Нојер и Пјатов имаа неколку интервенции, а во една ситуација Боатенг спаси една топка од гол-линијата.

Украинците изведоа дури 11 корнери што е реткост кога се игра против Германија.

Првиот гол беше дело на одбранбениот фудбалер со македонски корени Шкодран Мустафи. Крос нафрли, а Мустафи со глава ја закова топката во мрежата на украинскиот голман за 1-0.

Во финишот на мечот по еден контра напад Озил нафрли, а Швајнштајгер во првиот контакт со топката постигна гол за конечни 2:0.

швајнштајгер

Мустафи го даде првиот гол за репрезентацијата во 11 настап, а Германија ја продолжи традицијата без пораз на отворањето на европските првенства каде има 7 победи и 5 реми средби.

Инсерти од мечот…

The post Украина немоќна против Германија, Мустафи и Швајнштајгер стрелци за панцирите! appeared first on Спорти.


Source: Sporty