Министерство за финансии: Дебата за Предлог-буџетот за 2018 година

Сподели

Во организација на Министерството за финансии денеска почнува јавна дебата за Предлог-буџетот за 2018 година, на која ќе присуствуваат претставници од стопанските комори, синдикатите и невладиниот сектор.

– Во насока на транспарентен и развоен буџет кој ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и ќе ја подигне економијата на повисоко ниво, мислењето на стручната и општата јавност ни е многу важно, наведува Министерството за финансии во најавата за дебатата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изјави дека првпат во Македонија ќе се претстави подготвениот буџет пред да се достави на разгледување во Владата.

По отворената дискусија, Министерството за финансии ќе го достави предлог-буџетот до Владата која има законска обврска да го испрати во Собранието на Република Македонија до 15 ноември.