МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Починатите од Симница имале хеморагична треска

Сподели

Хеморагична треска „хантан“  е причината за смртта на двајцата жители на гостиварското село Симница кои починаа на Инфективната клиника во Скопје. Како што попладнево потврди и министерот за здравство, Арбен Тарави, починатите јаделе храна која претходно ја заразиле глувци. Болеста не може да се пренесе од човек на човек, туку само преку животни.

„Станува збор за вирусот хантан кој е дел од групата вируси кој не се пренесуваат од луѓе на луѓе. Двајцата починати најверојатно јаделе контаминирана храна, инфекција предизвикана од глувци кои се движеле во истиот простор каде и тие престојувале и се движеле. Овој вирус предизвикува хемарогична треска, но е полесна опција. Така што гарантирам и стојам зад тоа. Шпекулации се гласините дека уште еден друг човек починал од оваа болест. Не е точно ниту дека има и други заразени. Состојбата е под контрола“, рече Арбен Таравари, Министер за здравство.

Министерот вели дека местото каде живееле веќе починатите е дезинфицирано и дератизирано.
„Епидемиолошкит тим заедно со тимот од Институтот за јавно здравје во Скопје и Тетово излегоа на терен во селото Симница и извршена е дезинфекција и дератизација. Преземени се сите мерки во просторот каде се движеле сега починатите“, додава министерот Таравари.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство земале мостри за лабораториски анализи на водата, храната, млечните производи и сирењето. Инаку, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со симптоми на оваа болест досега се  хоспитализирани седум лица, сите од регионот на Гостивар.