Вести Македонија Став Ударни вести

СДСМ: Мисајловски и Стојановски бранат насилници од 27 април

Сподели:

 

ВМРО-ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски вчера повторно бранеше криминал и насилство, бранеше осудени насилници за 27 април.

Целата јавност вчера се увери дека ова ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е променото од она старо режимско ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години газеше по граѓаните.

Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски протестираа ЗА насилство..

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и пратениците од Ѓорче Петров, Владо Мисајловски и Бојан Стојановски вчера повторно застанаа против интересите на граѓаните.

Стојановски и Мисајловски ја блокираат работата на Собранието секогаш кога треба да се носат закони важни за граѓаните и државата.

Кога Ѓорче Петров треба да добие нов Клинички центар, тогаш Стојановски и Мисајловски блокираат, кочат и прават се законот да не се донесе, но први се кога треба да бранат криминал и осудени насилници.

Пратениците во Собранието се платени од граѓаните и тие мора да работат за граѓаните, а не за криминалците и насилниците како што тоа го прават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Прекршувајќи ги сите мерки за заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ вчера цврсто застана на браникот на криминалот.

Токму поради таквото нивно однесување, граѓаните шест пати ги поразуваат на избори и токму поради таквото однесување ги чека нов пораз наесен како во Ѓорче Петров така и низ целата држава, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: