Мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот

Сподели

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме! – се наведува во соопштението на Град Скопје

Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација. 

Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот. 

Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност. 

Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот! – додаваат оттаму.