Вести Македонија Став Ударни вести

Мицкоски, дали Камчев преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет“?

Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори:

  • Дали Орце Камчев, тајкун излезен од  режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?
  • Дали станува збор, за изборната кампања за последните претседателски избори?
  • Дали знае да одговори Мицкоски колку  тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата?

Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата – изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Граѓаните, јавноста очекуваат одговори на овие прашања.

 

 

Сподели: