Мицкоски: Ковачевски да го одбие францускиот предлог кој е обид за асимилација и бугаризација

Сподели

 

По средбата со премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара Владата да го отфрли францускиот предлог, а тој да се откаже од барањето за предвремени избори.

„Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие предлогот, а јас ќе се повлечам од барањето за избори. Сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ставам на располагање да и помогнеме на владата да ги надмине предизвиците што оваа зима ќе се појават – безбедносни, енергетски и финансиски“.

Според Мицкоски, францускиот предлог не е преговарачка рамка со која се обезбедува европска иднина за земјава, туку е обид за асимилација и бугаризација.

“ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се нема да ги прифати”, изјави Мицкоски.

 
– Понудивме да се одбие ова кое е доставено како предлог, а ние да се повлечеме од барање за предвремени парламентарни избори.
 
– Побаравме да бидат избришани членовите 11 и 14.
 
Членот 11 од записникот детерминира дека нема да бидат започнати преговори се додека не го промени Уставот, а членот 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија, во кој се наоѓаат историските прашања, образованите и културни прашања, промената на учебниците.