Вести Изјави Македонија Ударни вести

Мицкоски: Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија

Сподели:

 

“Денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек. Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси”, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фб профил.

Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија. Нека е вечен празникот 11 Октомври.

Нека е вечна Македонија, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ”, Христијан Мицкоски.

Сподели: