Мицкоски: Предвремени парламентарни избори се неминовни

Сподели

 

“Имавме плодна и квалитетна дебата, во првиот дел ги реафирмираа сите учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ.
Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично, и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано од страна на претседателот на државата.”

“Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто го доживеа владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период. Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство” – изјави Христијан Мицкоски вчера по лидерската средба.