Столтенберг: Со нетрпение ја очекувам С.Македонија да влезе во нашата Алијанса

Сподели

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на својот Твитер профил денеска напиша дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, за да ја реафирмира посветеноста на НАТО за пристапувањето на Северна Македонија.

„Процесот на ратификација е на добар пат и со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во нашата Алијанса“, напиша Столтенберг.