Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ Охрид

Сподели:

Ова денеска што го гледаме овде во Охрид означува значаен исчекор во насока на подобрување на квалитетот на услугите кои што аеродромите во Македонија ги нудат, со ова охридскиот аеродром навистина добива една поинаква динамика, едно поинакво светло, еден поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува, а ние како Влада ќе продолжиме да ја поддржуваме таа активност со поддршката којашто и досега ја дававме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ Охрид. 

Во периодот кој што следи ќе гледаме таа уште повеќе да ја зголемиме бидејќи охридскиот аеродром е значајна алка пред се за развојот на целокупниот регион, за развој на Македонија како држава, но истовремено и развој на Охрид, на Струга и другите општини кои што се во близина на овој аеродром, повеќе туристи, повеќе туристички потенцијал затоа што на тој начин ние практично ја развиваме и македонската економија.

Од тоа што можев да го дознам, од претставниците на ТАВ аеродроми коишто навистина импресионираат со нивната работа во Македонија изминативе години, е фактот дека оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден кога практично имаме добиено најголем број на патници до сега во историјата, повеќе од 3 илјади на еден ден. А, исто така имаме и ден кога има повеќе од 20 полетувања што исто така претставува значајна бројка, бројка која што е  за почит.

Уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите присутни, за поддршката која што ја даваат, за реализирање на сите овие проекти, уште еднаш да се заблагодарам на концесионерот ТАВ аеродроми кој што е дел од француската групација Aéroports de Paris, да посакам уште многу проекти да реализираме заедно на македонските аеродроми, па и во Скопје и на овој тука во Охрид, додаде Мицкоски. 

Сподели: