Мицкоски сам се лаже дека струјата не поскапела – РКЕ го демантира со факти

Сподели:

Мицкоски или сам се лаже кога мисли дека нема кој да го слушне, или повторно со политички спин се обидува да ја манипулира јавноста.

Тврди дека струјата не поскапела, и покрај тоа што Регулаторната комисија за енергетика официјално објави поскапувања во јули 2024, јануари 2025 и јануари 2026 година. Последното зголемување на сметките, за најголем дел од домаќинствата, беше за околу 2,59%. Значи, Мицкоски го демантираат сопствените арогантни тврдења. Наместо да призне дека граѓаните плаќаат повисоки сметки се обидува со празни изјави да ја убеди јавноста дека реалноста не постои, реагираат од Левица.

Симптоматично е и тоа што веднаш сменија правилник кога станува збор за нафтата, а за сезонски и поправедни цени на струјата, кога летно време има евтина соларна енергија, молчат. Кога има промена на цената на берзата за 5% повторно молчат и не ја намалуваат цената на струјата, иако тоа им е според правилникот за работа.

Мицкоски може да ја повторува лагата колку сака, но бројките не аплаудираат. Тие сведочат.

Сподели: