Орце Ѓорѓиевски: Заедно го креираме градскиот буџет за 2026 година 

Сподели:

“Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес”, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

“Како град кој се стреми кон стабилен развој, модернизација и поефикасни услуги за граѓаните, Скопје го става дијалогот во центарот на сите процеси. Со тоа ја потврдуваме нашата заложба дека буџетот не е само финансиски документ, туку стратегија што се гради врз реалните потреби, предизвици и визија за иднината на градот.

Во новиот буџет ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти што ги најавивме во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини, животната средина – подобрувања кои ќе го олеснат секојдневието на скопјани и ќе донесат поголем квалитет на живот.  Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје. 

Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози. Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град”, додаде градоначалникот. 

Сподели: