Мицкоски: Се ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

Сподели:

“За жал до мене стигна ужасната вест која што ги потресе Охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка”, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

“Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува. А, воедно како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.”

Сподели: