За Мицкоски е доволна една реченица на Инстаграм за да се активира целиот репресивен апарат, сами да го најдат коментарот, по допрен глас да постапат, сами да поднесат кривична пријава и да одредат притвор. За монструозно претепана девојка, ни болничкиот кревет, ни јавно изнесените фотографии и сведоштва не се доволни за насилникот да заврши во притвор! – реагираат од Левица.
Кога беше во прашање Мицкоски, обвинителството знаеше да ја препознае “опасноста од повторување и ескалација”. Кога е во прашање Сара, чие семејство јавно сведочи за брутално претепување, закани по живот, договори за убиство и заташкување на случајот – јавноста сè уште нема објаснување како е проценета опасноста за нејзината безбедност и како е ова праведно во крајна истанца?!Тошковски, државата не е приватно обезбедување на Мицкоски и вашите вмровски функционери, а Кривичниот законик не е напишан само за луѓето што му се заканувале на Мицкоски!
Безбедноста на една девојка не е помалку вредна затоа што впрочем нема ни службено обезбедување, политичка функција и кабинет од кој може да бара итна реакција!
Преку глава му е на народот од оваа арогантна селективност, од институции кои покажуваат завидна жар и експресност кога треба да го “заштитат” политичкото раководство на влас, а чија решителност станува непрепознатлива кога заштита бара обична девојка!
И по сите јавно објавени политички релации што го опкружуваат случајот, некој сè уште ќе има дрскост да ни држи лекции дека „политиката не треба да се меша“?!
Доста е од општество во кое едни деца растат со страв од насилници, а други со уверување дека влијателното презиме им е линија на одбрана и недопирливост, додаваат од Левица.


