Мицкоски: Срцето ми се кинеше кога ве гледав како гласате за предлогот на Заев

Сподели

 

Тивко и пеколно болно беше во моето срце таа вечер. Тивко и мачно беше во нашиот штаб. Тивко, мачно, болно, гневно, очајно беше во македонските домови, во македонските градови и во македонските села. Не заболе и тоа пеколно. Тоа што ве видовме со посвиткана кичма. Не издржаа вашите плеќи. Не издржаа иако до пред некој ден не убедувавте, се фалевте и ширевте митови дека на вашите плеќи се крепи Македонија. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака нас срцето ни се кинеше. Пеколна болка е тоа. Само малку фалеше да издржите. Да одговоревте на задачата, да не ја свиткате кичмата, Заев беше готов. Вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев на сметка на Македонија. Влеговте во неговиот ол ин план, со кој срамно тргува со илјадници македонски души. А, да издржевте ќе одевме на избори! И ќе го победевме злото. Ќе го победевме Зоран Заев и групата околу него. Па нели сфативте дека беше готов. Едно сакам да ви кажам тој е слаб и слаб ќе остане, а вашата инјекција, допингот, кратко ќе му трае.

Изјави, Христијан Мицкоски