Мицкоски за ДВ: Најголем чувар на Уставот е дадениот збор на пратениците

Сподели

 

Тврдењата на Владата дека е заштитен македонскиот јазик и дека е обезбеден реципроцитет во процесот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во разговор за Дојче веле ги оцени како замајување на јавноста.

„Од власта нека не ја замајуваат јавноста дека договориле некаков реципроцитет. Тоа е кованица која им служи како алиби – дека еве и ние нешто сме добиле, а во ситуација кога раскрчмуваат сѐ што е важно за Македонија. Еве, ако толку барале реципроцитет, нека ни кажат што е тоа што го бара Владата на Македонија од Бугарија – да се признае македонско малцинство, тие да влезат во бугарскиот устав, да има промена на учебници во Бугарија или нешто слично, бидејќи сите овие работи Бугарија ги бара од нас. Протоколот го печатираше предавството и фијаското на македонската дипломатија, меѓу кој и јавното потврдување од бугарското МНР дека македонскиот јазик не е признаен од Бугарија. И тезата на власта дека Унијата го признавала – па нели и Бугарија е дел од Унијата, зошто тогаш не го признава јазикот кој е кодификуван и меѓународно признат многу години пред овој спор? Тоа покажува дека Владата ги продлабочи овие проблеми, но ништо не е готово и ние ќе продолжиме да се бориме“, вели Мицкоски.

Текстот на Дојче веле во целост прочитајте го тука.