Мицковски до Нимиц: Државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет

Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, Метју Нимиц.

На средбата стана збор за актуелниот процес кој се води под покровителство на ОН поврзан со постигнување на решение за спорот со Република Грција.

На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативни чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците.