МКЦ: Премиерни проекции на финалистите од #GreenFilmCompetition

Сподели

 

Премиерни проекции на финалистите од #GreenFilmCompetition во МКЦ, 10 февруари

Младите и талентирани автори кои умешно ја пресликаа нивната креативна визија за предизвиците и проблемите поврзани со животната средина преку краткометражни видеа, ќе се претстават пред пошироката публика на 10-ти февруари во Кино Фросина (МКЦ).
Присутните ќе ја имаат можноста да ги проследат најдобрите 10 документарни филмови селектирани од професионално жири.
Во проекциската вечер ќе го објавиме победникот „Best of All“ и доделиме главната награда: професионална камера. Повелете да ги поддржиме идните млади креатори!
 
НАСКОРО ќе ги објавиме селектираните 10 финалисти!
Бесплатните билети ќе може да ги подигнете на билетарата на МКЦ