МКЦ: Промоција на “Остави ме да си доиграм” – Јовица Ивановски

Сподели

 

МКЦ, Промоција на “Остави ме да си доиграм”, Јовица Ивановски, 6. јуни

Почитувани, издавачката куќа Или Или ве поканува на промоција на новата, четиринаесетта по ред, книга поезија на Јовица Ивановски, што ќе се одржи во среда, на 06.06.2018. во МКЦ – Клуб Ресторанот, со почеток во 20 часот.

За книгата ќе зборува д-р Соња Стојменска-Елзесер, а песни ќе читаат актерите: Петар Арсовски, Драгана Костадиновска и Јовица Михајловски.

Ве честиме една песна од книгата.

Диета нека држи…

Која глупост,
да се откажуваш од
она што најмногу го сакаш,
да се труеш со гадости кои божем
ти го продолжуваат животот.
Каков живот е тоа?
Терај си ги задоволствата,
уживај во насладите на денот!
Залче месечина, голтка море,
дување небо, врв под чевли,
апансаз пијанство, пасија,
предозирање од сакање…
Животот треба да пушта стомак,
диета нека држи смртта!