Алтернатива Настани

МКЦ: „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“ – 08. март

Сподели:

 

МКЦ, 08. март, „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“

Со цел унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на жените и промоција на родово-одговорните политики, UN Women, Град Скопје и Институтот за човекови права од Скопје, во соработка со Шведската амбасада во Скопје, го поддржуваат одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со деветтото издание на Вечерите на женски права.
Вечерите на женски права се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост.

Придружете се во годинешното издание на Вечерите на женски права – проекција на шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“ (возраст 12+), разговори со Ана Јовковска и нејзините соговорници на тема „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“, изложба „Признаените vs. невидливите жени“ и дружење со музика.

Сподели: