МКЦ ЗА СКОПЈЕ

Сподели

MDmkczaskopjemanifestacii

МКЦ,  26 Јули. 20:00ч

„МКЦ за Скопје“ е настан со кој ќе ја одбележиме 53-та годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес.

Трагичен настан кој не потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на силата и сплотеноста на луѓето што го сакаат Скопје.

На 26 јули, вторник, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на фотографии од Бошко Фржоп (Хрватска) „СКОПЈЕ 1963“ – ХРОНИКА НА ЕДНА КАТАСТРОФА,

потоа следува проекција на 5 кратки филма на скопските режисери Игор Иванов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески и Марко Ѓоковиќ. За крај на вечерта концертен настап на групите SIZ, Stuttgart Online и YÖU.

Се гледаме на 26 јули.

Во МКЦ.

За Скопје.

Почеток: 20:00 / Влез слободен