МЛЕКО 2022: Како да го „биеме“ млекото?

Сподели

 

Традиционално, нашите мајстори и мандраџии го „биеле“ млекото за да добијат биено сирење-производ со кој сите се насладуваме и се гордееме.
Но, како денес да се произведе вистинско сирење со препознатливиот вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?
Преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да ја отвориме дебатата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.
 
Затоа, четвртото издание на МЛЕКО 2022 го трансформираме во голем фестивал, отворен за секого, со бројни содржини и интересна понуда.
И не случајно Прилеп, градот со богата традиција на производство и продажба на сирење е домаќин на овој фестивал.
На 3 септември 2022, во срцето на градот, околу прилепската саат кула, како на дланка ќе ви бидат понудени чудесни бои, мириси и вкусови.
Добредојдени се сите сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти и сите оние што едноставно сакаат да уживаат во веселата дружба и во различноста на вкусовите.
Секој ќе може:
• да изложи и презентира вистински сирења
• да се вклучи во дебатите и дискусиите
• да дегустира и да купи од понудените сирења
• да се дружи и да ужива во фестивалот
Добредојдовте на МЛЕКО 2022!
#МЛЕКО2022 #Биодиверзитет #Традиција #БИЕНО #SlowFood