Алтернатива Настани

МНТ: “МАМА МИА” – 24. декември

Сподели:

МНТ, 24. декември, “МАМА МИА”

Премиерна изведба: Недела, 24 Декември 2017 |
Времетраење: 180 минути |со пауза |голема сцена
Следни изведби во декември 2017: 26, 28 и 29, почеток 20:00 часот.
Следни изведби во јануари 2018: 12,13 и 23, почеток 20:00 часот.

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.

*Цените на билетот
1-5 ред – 1000 ден.
6-11 ред – 1200 ден.
12-17 ред – 1000 ден.
1 галерија – 800 ден.
2 галерија – 600 ден.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

Сподели: