Алтернатива Настани

МОБ: 7 Мајски оперски вечери “ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР” – Гаетано Доницети

МОБ, 7 Мајски оперски вечери, ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР – Гаетано Доницети, 15. мај

Диригент: Најден Тодоров (Бугарија)
Режисер / Сценограф: Лев Пулиезе (Италија)
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Васко Лисичов
Концерт-мајстор: Климент Тодороски

НАСТАПУВААТ:
Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Франческо Вултаџо (Италија)
Едгардо: Космин Ифрим (Романија)
Рајмондо: Иван Томашев (Србија)
Артуро: Марјан Николовски
Ализа: Марика Поповиќ
Нормано: Јане Дунимаглоски

***

Лучија од Ламермур
Лучија од Ламермур е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Оваа опера е една од водечките белканто опери во светската оперска литература. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 г. во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на фамилијата Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 г. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот, но Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат.

Сподели: