МОБ: “Почетоци” – Изложба на првите генерации балетски уметници

Сподели

Македонска опера и балет, Почетоци, 15. мај

,,Почетоци”- изложбата е посветена на првите генерации балетски уметници од кои понатаму ќе се изнедри иднината на македонскиот балет каков што
денес го познаваме и доживуваме.

“Почетоци” всушност претставува мал вовед во големиот јубилеј кој македонскиот балет заедно со својата публика ќе има чест и задоволство да го прослави во претстојната сезона 2018/2019, а тоа е 70 години од основањето на истиот.