МОК и Црвениот крст поптишаа Меморандум за соработка

Сподели

Вчера, на 11 април, во МОК се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на Северна Македонија и Македонскиот Олимписки комитет.

Двете страни се обврзаа за остварување на заедничките цели и реализација на заедничките активности од интерес за членовите, волонтерите и поддржувачите на двете организации и јавниот хуманитарен и спортски интерес на граѓаните, информираат од Црвениот крст на РС Македонија.