Моника Белучи ќе биде водител на 70. Кански филмски фестивал – од 17 до 28 мај

Сподели

Актерката Моника Белучи е избрана за водителка на отворањето на 70. Кански филмски фестивал што ќе се одржи од 17 до 28 мај.

Моника Белучи како водител на оваа манифестација се појавува втор пат. Ланското издание го водеше францускиот актер Лоран Лафит.

Француската телевизија Canal +, што секоја година ја пренесува свеченоста од Кан, објави дека Белучи е пријателка на Канскиот фестивал уште од 2000 година, кога за прв пат се качи на сцената како дел од актерската екипа во трилерот на режисерот Стивен Хопкинс. Во 2006 година Белучи беше дел од фестивалското жири, а во наредните години беше редовна гостинка на Кроазета.

Претседател на годинашното фестивалско жири во Кан е шпанскиот режисер и оскаровец Педро Алмодовар.

Канскиот филмски фестивал се одржува од 1946 година и е еден од најпрестижните филмски фестивали во светот каде успешно се спојува филмскиот свет и гламурот.