МТСП: Ќе се отвара центар за заштита на жените на тајна локација

Сподели

Македонија се подготвува за ратификација на Истанбулската конвенција која предвидува поголема заштита на жртвите од семејно насилство.

Годинава во земјава е предвидено на тајна локација да биде отворен центар за заштита на жените, жртви на сексуално насилство кој ќе располага со стручни кадри кои ќе работат со штитеничките.

Треба да бидат формирани и здравствени центри за жените – жртви на насилство во рамки на општите болници во Скопје, Куманово и Тетово.