Вести Свет Ударни вести

САД ги повика своите државјани во Северна Кореја да ја напуштат земјата

САД ги повикаа своите државјани во Северна Кореја да ја напуштат таа земја пред да настапи забраната за патување на 1 септември, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на САД обајви предупредување кое се однесува на новата забрана за патување, која ја донесе админастрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во предупредувањето се наведува дека само одредени категории на лица во „многу ограничен број на случаеви” можат да патуваат, и ги повикаа државјаните да ја напуштат Северна Кореја пред забраната да стапи на сила.

Оние кои сакаат во Северна Кореја да патуваат со американски пасош ќе мора да имаат специјална потврда.

Од Министерството во вторник е соопштено дека забраната за патување нема да се однесува на новинарите, вработените во хуманитарните организации и други лица чие патување е „од национален интерес”.

Одлуката за забрана е објавена на 2 август во службен весник.

Забраната за патување во Северна Кореја би можела да важи до крајот на август 2018 година.

Сподели: