Вести Македонија Ударни вести

МТСП: Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Сподели:

 

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес 2 октомври  2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година:

Гарантиран детски додаток

Посебен додаток за месец 10/2020

ЕПП за новороденче

Родителски додаток за трето дете

Родителски додаток за четврто дете

Образовен додаток – Студирање

Гарантирана минимална помош ГМП

Постојана парична помош – ретроактивна исплата

Туѓа нега

Еднократна парична помош

Мобилност и слепило

Цивилна инвалиднина

Социјано домување

Социјална сигурност- социјална пензија

Азиланти домување

Парична помош за згрижувач

Паричен надоместок за згрижувачко семејство

 

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

 – 5 октомври  (понеделник) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 6  октомври (вторник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 7 октомври (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

 

 

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 октомври  2020 година.

 

 

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Сподели: