МТСП: Понеделник – 9. септември e неработен ден за сите граѓани

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 септември, Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честитаат Денот на независноста.