Алтернатива Македонија Настани

На Светската олимпијада по геонауки злато и три бронзени медали за македонските средношколци

Сподели:

 

На 13-тата Светска олимпијада по геонауки која се одржува во Јужна Кореја, од 26. август до 3. септември, македонскиот тим доби една златна и три бронзени награди.

 

 

Златниот медал е освоен во категоријата практични истражувања, а македонските средношколци освоија и бронзен медал во севкупна категорија и уште две бронзи за презентација на геонаучна тематика.

Тимот беше составен од учениците Кристина Спасовска, Јована Маниќ, Оливер Куновски и Сара Стојчевска, a Ивица Милевски е ментор на тимот.

На годинешниот натпревар имаше учесници од 40 земји.

Сподели: