Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат.
Во објавата на „Х“, Муцунски наведе дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија.
„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион“, гласи пораката на шефот на македонската дипломатија.


