Оркестарот на Македонската филхармонија, во петок, со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Гордон од Германија.
Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус.


