Вести Македонија

МВР: 97 граѓани не ја почитувале забраната за движење

Сподели:

 

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се 2 лица кои не ја почитувале мерката – соопштуваат од МВР.

Сподели: