Вести Македонија

МВР Билтен: Кривични дела, лажни патни исправи, неисправни возила

Сподели:

 

-На 11.09.2023 во 15.50 часот во с.Копаница, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.С.(27) од с.Копаница. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

-Денеска (12.09.2023) околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 35-годишниот Ѓ.М. од гостиварско Здуње. За него била издадена судска наредба, со која се барал како осудено лице на затворска казна од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.

-На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

-На 12.09.2023 околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница. За него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор  „Идризово“ за доиздржување на казната.

-На 10.09.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба. Таа била приведена во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 11.09.2023 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Д.(44) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 11.09.2023 во 09.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле Б.Ф.(29) од Република Албанија, затоа што при извршена гранична проверка било утврдено дека на увид дал албанска патна исправа на друго име, односно дека се послужил со туѓа патна исправа. При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и албанска возачка дозвола и дозвола за престој издадена во Шпанија на друго име. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка и врз основа на пресуда од Основен кривичен суд Скопје, од Одделението за прекуграничен криминал и миграција му била изречена казна протерување странец од Република Северна Македонија.

-Во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 150 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест мерки за користење мобилен телефон при управување…

-Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 117 возачи, меѓу кои 71 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 6 возачи за управување под дејство на алкохол, 14 санкции за непрописно паркирање, 6 санкции за престигнување. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење…

-На 11.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 32 прекршоци, од кои 22 надвор од  населено место и 10 во населено место. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои, 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 3 за некористење на заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.

-На 11.09.2023 во периодот од 06.00 до 11.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња, во која биле откриено и санкционирано 1 возило (ГВ) со неизвршен технички преглед и 2 возила (ТЕ) кои вршеле превоз без потребните документи. На возачите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила и Кривичниот законик, зависно од видот и карактерот на констатираниот прекршок.

-На 11.09.2023 во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Желино-Групчин, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.Т. од тетовски Копачин дол, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во возилото С.С.(22) од истото село со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

-На 11.09.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(35) од с.Копаница, скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.З.(64) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

-На 11.09.2023 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Радишани кон с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.М.(64) од с.Дељадровци, скопско и патничко возило „мерцедес“, управувано од Е.А.(24) од с.Арачиново, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.М., а со телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

-На 11.09.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.Д.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Митевски“ бил каснат од куче скитник.

-На 11.09.2023 во 20.15 часот во СВР Тетово, 51 – годишниот И.А. од гостиварско Форино пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

-На 11.09.2023 во СВР Битола, В.Р.(74) од Битола пријавил дека на ул.„Круме Кепески“ во Битола бил каснат од куче скитник.

Сподели: