ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, додека дневните температури ќе бидат меѓу 22 и 31 Целзиусов степен.

Во Скопје времето сончево и топло, со температури од 13 до 30 степени.

Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во ноќта кон петок, локално и над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури – известуваат од УХМР.