МВР: Информациите на НЕТПРЕС за 1.000 полицајци на неплатен одмор е дезинформација

Сподели

 

 

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира
дезинформациите објавени од порталот Нетпрес, а пренесени од неколку
други портали во кои се изнесува лажна вест дека наводно 1.000 редовно
вработени полицајци во МВР моментно се на неплатен одмор, а уште
4.000 го побарале истото и чекаат одговор од надлежните.

Информацијата е а псолутно неточна. Бараме овие портали да ја повлечат веста и да сеизвинат за ширењето лажни вести со кои се обидуваат да внесат вознемиреност и загрозување на чувството на безбедност кај граѓаните.

Бараме и од новинарските организации соодветно да реагираат на
лажната вест со која се внесува вознемиреност и паника кај граѓаните.
МВР има доволно полициски службеници за извршување на своите
надлежности и апсолутно во ниту еден момент ниту се дозволило ниту пак
ќе се дозволи било каква друга состојба – се наведува во соопштението на МВР.