МВР казни возач кој на автопатот Гостивар-Тетово возел со 300км/h

Сподели

 

Вчера полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, управувано со патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и  на автопатот Гостивар-Тетово, кој се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.