МВР распиша потерница по Панчевски

Сподели

 

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски на кој му е одреден 30-дневен притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет и му се суди за кривичното дело “злоупотреба на службената положба и овластување”.

„Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба за приведување со решение за притвор. Секторот истото го достави и до СВР Скопје и три пати припадници на полицијата од полициската станица во Центар се обидуваа да го пронајдат, но не успеаја. Во моментов полициски службеници со правосудните органи во Велес распишаа потерница по именуваното лице. Се вршат оперативни проверки дали лицето ја напуштило државата,“ изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) на 8 јули 2019 година соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, кој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).