Вести Македонија Ударни вести

МВР: Закажување термини за аплицирање за биометриски лични документи на 072/929292

Сподели:

Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.

Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски  број 072929292.

Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи

Сподели: